Им призна на судиите дека постигна гол со рака

Publicado  Friday, April 13, 2012

Фер-плеј се уште постои во фудбалот. Напаѓачот на Сент Паули, Мариус Еберс, призна дека постигна гол со рака, иако судиите тоа не го видоа.


Нормално, откако сигнализираше судиите го поништија голот, но на крајот Сент Паули сепак триумфираше со 2-1. Да беше некој друг фудбалер, ќе велеше дека тоа е „Божја рака“.